December 9, 2022 13:07
Македонија

Ковечевски по средбата со Мицкоски: Се разговараше експертски, ќе се разгледаат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Димитар Ковачевски по средбата со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски оцени дека таа поминала во добар дух, а барањата на ВМРО-ДПМНЕ не се отфрлени. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до Владата своите контакти за набавка на поевтини енергенси, за што конкретно е задолжен министерот за економија Крешник Бектеши, кој потоа ќе ги исконтактира посочените субјекти за да се утврди дали нивните понуди ги задоволуваат потребните критериуми.

-Јас не очекувам претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да ме фали, напротив, очекував да биде и поостар во изјавата. Сепак сметам дека состанокот помина во добар дух, се разговараше експертски.
Дополнителни анализи ќе бидат направени за основното барање на ВМРО-ДПМНЕ за префрлување на јавните комунални претпријатија на регулиран пазар. Разбирливо е дека тоа им беше главно барање, бидејќи ги имаат најголем број од градоначалниците. Ние го немаме тој луксуз, мораме да се грижиме за сите подеднакво, рече Ковачевски.

Премиерот изјави дека на средбата ги образложиле сите активности што ги презема Владата за надминување на енергетската криза. Информирале за производството на енергетските капацитетети, за обезбедувањето енергенси – јаглен и мазут.
-Ја нагласиле потребата што побрзо да се донесат во Собранието сите закони поврзани со надминувањето на енергетската криза. Станува збор за Законот за задолжување од ЕБОР во износ од 100 милиони евра по поволна каматна стапка за поддршка на работата на ЕСМ, Законот за енергетика, Законот за нафта и нафтени резерви, како и за спроведување на одлуката за кратење на финансиски средства од буџетот кои се со помал процент на исполнетост и и кои не се неопходни и префрлање во ставки за справување со енергетската криза, посочи Ковачевски.
– Разговаравме и за префрлање на основните и средните училишта на регулираниот пазар, како и за префрлувањето на здравствените установи за снабдување кај ЕСМ продажба. Беше реафирмирано барањето на опозицијата за вклучување на јавните комунални претпријатија на регулираниот пазар, кое ќе биде разгледано од Министерството за економија во соработка со ЗЕЛС, изјави Ковачевски.
Премиерот информира дека Владата денеска донела одлука со која ЕСМ е задолжено да врши јавна услуга регулирано производство на топлинска енергија во Скопје. Потпишан е договор меѓу ЕВН и Адора за закуп на топланите.
Посочи дека од формирањето на Владата се презмени низа мерки за ликвидноста на компаниите и стандардот на граѓаните, издвоени се над 300 милиони евра буџетски средства.
Продолжува субвенционирањето на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи, како и разговорите со соседните земји за набавка на електрична енергија, а се очекува помош и поддршка и од ЕУ, за што претседателот Стево Пендаровски разговарал со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен изминатиот викенд за време на посетата на Бугарија, рече премиерот Димитар Ковачевски по средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претходно Мицкоски по двочасовната средба со Ковачевски изјави дека главна цел на средбата е да им се помогне на граѓаните пред зимата.

-После речиси два часа состанок можам да кажам дека како што бев загрижен пред состанокот истата загриженост ја споделувам и сега веднаш после состанокот. Мислам дека во периодот кој што следи е потребно силно да работиме, да ги надминеме сите проблеми кои очигледно ќе ни се случуваат бидејќи она првично сценарио кое како претпоставка сите ние го имаме, а тоа е да ни бидат функционални трите блока во РЕК Битола, едниот блок во РЕК Осломеј, двете турбини во Неготино, вклучително и добрата кондиција на хидропотенцијалот, зајакнати со ТЕ-ТО Скопје, во суштина е тешко да се реализира.Ние сме подготвени да ги ставиме на располагање сите позиции со кои што располагаме, од страна на Димитар Ковачевски лице за контакт беше одреден министерот за економија, Крешник Бектеши, рече Мицкоски.

Поврзани вести

До вчера со автобусите, денес со дојави за бомби се парализира Скопје (фото)

admin

Мицкоски како Груевски: Дајте ми 61 пратеник за да не ме условуваат Албанците

admin

Закана за бомба и во ТЦ Бисер (Фото)

Valentina