June 25, 2022 22:56
Македонија

Ковачки му одговори на Спасовски: 5 години сте срам за Македонија

Го читам статусот на Министерот за Внатрешни, Оливер Спасовски, со носталгија и празна емоција се потсетува на 2015 година. На некој голем митинг на кој се искажале празни ветувања, празни зборови и биле упатени по некоја закана кон тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Човек да се запраша дали некој го известил дека сега сме 2022 година, а не 2015 и дека за 2 седмици влегуваме во 6 (шестата) година од дивеењето на ДУИ и СДСМ во државата.
Се присетува Спасовски дека го ослободиле судството, независноста на медиумите и што ли уште не.
Спасовски, Заев и Шекеринска не’ ослободиле од “режимот”.
Вака министре Спасовски:
Прво, довербата во Судството е непостоечка односно 9 од 10 граѓани не веруваат во него. Тоа ви го кажа и амбасадорот на САД. Кој лаже, вие или таа?
Второ, од спомени не се живее. Ако сакате да живеете во спомени, тогаш повлечете се од политиката и пишувајте мемоари.
Трето, цели 5 (пет) години ја труете македонската јавност со Груевски и ланскиот снег, додека истовремено крадете, шверцувате дрога, договарате пресуди и вршите политички прогони врз неистомислениците, газите врз македонското достоинство и плукате на се’ што е македонско.
Со 15 пратеници ДУИ ве командува, ја пљачка државата, на секое ниво земаат мито по сопствено уверување и ви се исмеваат покажувајќи ви какви полтрони сте и колку сте подготвени да молчите и релативизирате само за да останете на власт.
Но, интересот е взаемен, крадат тие, крадете и вие. Без пардон. И кога ќе ве фатат со рацете во медот, веднаш ја активирате приказната за “режимот”. Тука на располагање ви се и “ослободените медиуми” односно вашите платени мегафони кои дебело ги кеширате за да ви ја рашират лагата.
Спасовски ја критикува активната блокада на Собранието, а не сака збор да каже за нецивилизираниот и примитивен однос на неговиот Талат Џафери кон вработените во Собранието.
Министре Спасовски, имате ли вие образ? Свесни ли сте дека во вашите 5 години ја уназадивте Македонија до непоправање?
5 години лажете и манипулирате.
5 години имаме раст на корупцијата.
5 години го газите Македонецот и мислите дека некој ви се плаши.
5 години ја оддалечувате државата од европските вредности!
5 години го осиромашувате народот. Под вашето раководење Македонија стана најсиромашна земја во Европа.
Ова се 5 години срам за Македонија!
Е така не се оди напред.
И тоа вам ви е јасно, но немате друг излез. Затоа што знаете дека е готово.
Готови сте!
Ќе паднете и нема да станете!
И ќе си одговарате од прв до последен, пардон не смее да има за никој.
На Македонија и’ треба ред и поредок!
На Македонија и треба прогрес и напредок.
На Македонија и’ треба младина што ќе сака да остане во неа и што ќе ги вреднува македонските традиции.
Треба да се работи, а не институциите да си ги третирате како лична придобивка и можност за сопствен бенефит.
И како што вика Спасовски, молкот не е опција. Тука се согласувам. И затоа Македонија конечно мора да се ослободи од таквите како Заев, Спасовски, Ковачевски, Пендаровски, Ахмети, Артан Груби и слични општествени отпадоци кои ја влечат назад.