February 25, 2021 17:47
Македонија

Ковачки до Шекеринска : Погрешивте не еднаш, туку двапати. Не бегајте од одговорност

            Ден 5ти – Молк.

Молк од Кабинетите на Шекеринска и Пендаровски за скандалот и меѓународната бламажа.

Лично сте одговорни двајцата. Треба веднаш да понесете одговорност!

Почитувани граѓани, со неодговарањето и молкот на министерот и претседателот само уште еднаш се потврдува недемократскиот капацитет и ароганцијата на власта кон прашања кои го засегаат угледот и достоинството на државата.

Уште еднаш се потврдуваат нашите тези дека без разлика на големината на скандалот, тие бегаат од одговорност и ќе си одмолчат.

Станува збор за класична злоупотреба на апсолутната власт којашто ја уживаат. Во нормални држави, кога функционерот ќе погреши, се извинува и понесува одговорност.

Вие погрешивте не еднаш, туку двапати!

Двапати ја избламиравте Македонија, а ниеднаш не понесовте одговорност, ниту пак дадовте образложение зошто го направивте тоа.

Молкот од ваша страна само упатува на сомнеж дека ова што сте го направиле не е случајно, туку дека е намерно.

Намерно ли праќате лица кои не ги поминуваат безбедносните филтри?

Свесни ли сте за последиците кои може да ги имаме како нација? Ваши предлози не еднаш, туку двапати се вратени. Која е Вашата улога во изборот?

Г-ѓо Шекеринска и г-не Пендаровски, каде Ви е транспарентноста на која се повикувате?

Ароганцијата е ваша одлика за целиот период на вашето автократско владеење, а работењето против интересите и угледот на Македонија е својствено за СДСМ. За вас не важат ни Устав, ни закони, ни правила ни процедури. Ја урнисавте правната држава за ваши лични и партиски интереси.

Одговорност мора да има!

Оставка!

My Hero Academia 3 Episode 25 at website https://animeplanet.cc darling in the franxx anime planet

Watch My Hero Academia 3 Episode 12 at AnimeFreak animefreak