June 28, 2022 09:13
Македонија

Ковачевски: „Mакедонија 2025″ постави стандард на кој начин дијаспората соработува со својата држава

„Mакедонија 2025″ постави стандард на кој начин дијаспората соработува со својата држава и е видливо тоа што го прави оваа организација со пренесување на знаење, школување и обука на наши менаџери и млади претприемачи, нудење стипендии за талентирани ученици и студенти, порача премиерот Димитар Ковачевски на Регионалниот самит во организација „Македонија 2025″ што денеска и утре се одржува во Скопје.

-Гледам дека има интерес за инвестирање на наши иселеници во државата и веќе имаме наши сограѓани кои својот капитал стекнат во дијаспората го инвестираат кај нас и се добри извозни компании. Можам да изразам задоволство од името на цела Влада за соработката што ја имаме со дијаспората и само може да ги зајакнуваме тие врски и да ги олеснуваме бариерите за многу полесно враќање и комуникација со дијаспората, рече Ковачевски на панелот „Градење на просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка” на кој учествуваше и неговата српска колешка Ана Брнабиќ.

Српската премиерка Брнабиќ истакна дека става значаен фокус на соработката со дијаспората бидејќи, како што рече, земјите од Западен Балкан имаат потреба за брз и динамичен раст и затоа мора да го искористат сето она што го имаат, а токму дијаспората е еден важен ресурс во целата таа приказна.

-Ние како и Северна Македонија имаме силна дијаспора, имаме многу млади луѓе коишто заминале и направиле огромен успех. Дијаспората навистина е огромен ресурс, ние сметаме на тој ресурс и не само декларативно, туку низ отворен дијалог со нив гледаме што е тоа што ние треба да го направиме за тие или да инвестираат во Србија или да помогнат и да учествуваат или да се вратат во економскиот раст на Србија, рече Брнабиќ.

Сакаме, додаде, да ги вклучиме во нашите реформи, но исто така и да им дадеме шанса да инвестираат во Србија, да се вратат во Србија и затоа покренавме една иницијатива која се вика Точка на враќање за да имаме една точка за контакт каде што тие ќе ја имаат целата поддршка на државата доколку сакаат да се вратат и да инвестираат во Србија.

-Имаме добри резултати, а и јас еднаш годишно имам конференција со дијаспората на крајот на годината која што се вика Талентите повторно заедно, посочи Брнабиќ.

go88 ơ myanmar go88 ivern wind kinh nghiệm chơi tài xỉu go88

sunwin apkpure đánh sunwin link tải sunwin ios