February 3, 2023 14:13
Македонија

Ковачевски: 11 години земјава беше заглавена, сега со ВМРО-ДПМНЕ Скопје е заглавено

Кај се фатиле ВМРО-ДПМНЕ пепел направиле. Гледаме сите што се случува на триесеттина километри од овде, Скопје, во главниот град кој го заглавија комплетно, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски
-11 години наместо за граѓаните ВМРО-ДПМНЕ беа каменорезачи, само за споменици мислеа. Затоа молач сега нема што да кажат.  Градот Скопје нема јавен првоз. Градот скопје имапроблем со сите комунални претпријатија. Да не намалевме струја за нив, никако немаше да може да функционира ништо во градот. Уште во јануари, јас лично преземав прв чекор, не бев ни 5 минути премиер, од ВМОР-ДПМНЕ не сакааа да обезбедат парно греење за скопјани, Владата презема. Тоа е нивна одлика. 11 години земјава беше заглавена, сега со ВМРО-ДПМНЕ Скопје е заглавено, дециден беше претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва во Тетово на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината”.