August 14, 2022 20:24
Македонија

Ковачевски ќе ја пречека финската премиерка Сана Марин на работна средба

Ве известуваме дека на 20 јуни 2022 година (понеделник) претседателката на Владата на Република Финска, Сана Марин ќе пристигне во еднодневна посета на нашата земја.
Премиерката Марин и делегацијата на финската влада на платото пред Владата на Република Северна Македонија ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски.
Според агендата, после пречекот, премиерот Ковачевски и премиерката Марин ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.
Посетата на премиерката Марин ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.