January 30, 2023 02:45
Македонија

Ковачевски ќе учествува и говори на Форум за родова еднаквост

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска 02.12.2022 година (петок) со почеток во 14:00 часот, ќе учествува и ќе говори на Форум за родова еднаквост, како дел од 16-те дена активизам против родово насилство. Настанот се одржува во хотелот Холидеј Ин во Скопје.
Ве покануваме да го проследите обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски. Дополнителни новинарски прашања не се предвидени.