December 7, 2022 20:22
Македонија

Ковачевски ќе се обрати на презентацијата на „Проектот за поврзување на локалните патишта”

Ве известуваме дека на 27.9.2022 година (вторник) во 10:00 часот, премиерот Димитар Ковачевски, ќе се обрати на настан по повод презентацијата на „Проектот за поврзување на локалните патишта”.

На настанот свои обраќања ќе имаат и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и претставник на Светска Банка. Проектот за поврзување на локалните патишта во земјава, се реализира од Министерството за транспорт и врски, а со поддршка на Светска Банка. Целта е подобрување на патната инфраструктура.