December 2, 2022 11:52
Македонија

Ковачевски ќе се обрати на Генералната дебата на ООН во Њујорк

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на Генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк (САД).

Од прес-службата на Владата информираат дека обраќањето е во 10 часот по локално време, односно во 16 часот по македонско време.

Тема на годинашната генерална дебата е „Tрансформативни решенија на испреплетени предизвици”.

На маргините на 77. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, вчера премиерот Ковачевски оствари средби со Дерек Шоле, американски советник за надворешна политика, кој моментално работи како советник на Стејт департментот на САД, како и со делегација на Американскиот еврејски комитет.