December 2, 2022 10:15
Македонија

Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на настан „Цивилната заштита помеѓу институциите и граѓаните”

Ве известуваме дека на 30.9.2022 година (петок) во 13:00 часот, премиерот Димитар Ковачевски, ќе присуствува и ќе се обрати на настан под мотото „Цивилната заштита помеѓу институциите и граѓаните” во организација на Дирекцијата за заштита и спасување.

На настанот свои обраќања ќе имаат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби како и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути. Акцентот на настанот е примопредавањето на противпожарните возила на градоначалниците на 14 општини.

На настанот не се предвидени изјави за медиумите.

Локација: паркинг плац кај спортската сала „Борис Трајковски”.