December 3, 2022 10:09
Македонија

Ковачевски: Ќе има забрана за набавка на морски плодови во Владата

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната вонредна прес-конференција беше прашан од страна на новинарите и за потрошените  20.000 евра за морски плодови.

„Се работи за рамковен договор. Тука влегуваат и Кабинетот на претседателот на државата и Кабинетот на претседателот на Собранието. Се тоа оди преку Службата за заеднички работи. Донесовме одлука дека ќе има забрана за морска храна и за лешници во бифеата и тие средства ќе бидат пренаменети за ранливите категории на граѓани“, вели Ковачевски.