Македонија

Ковачевски: Успешноста на средбата со Петков ја гледам во новиот тон и пристап

„Успешноста на средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков ја гледам во новиот тон и начин на комуникација, кој ги испративме преку неа, бидејќи средбата помина во еден позитивен дух каде разговаравме за надминување на проблемите. Доминантно разговаравме на кој начин да ја вратиме довербата”, нагласи премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју” на ТВ Канал 5, по однос на прашањето на вчерашната средба при посетата на неговиот бугарски колега Петков.
Притоа тој подвлече дека во насока на добри соседски односи и надградување на заеднички проекти ќе се вклучат институции, претставници на деловните заедници,  на универзитетите, младинските организации и претставници на други здруженија. и експерти од фелата во соодветната област, кои во заеднички работни групи ќе ги унапредуваат односите во областа на економијата трговијата, инфраструктурата, иновациите и образованието и заеднички ќе известуваат за постигнатите резултати.
„Јас не се врзувам за датуми и кажав дека сум рационален оптимист, што значи работам, да се оствари нашата соработка. Имам пристап дека треба брзо да стигнеме до решение, но никако да не избрзуваме. Квалитетно решение во кое ќе се задржи достоинството на македонските и бугарските граѓани и ќе биде донесено во духот на европските вредности, согласно правилата на ЕУ, потенцира Ковачевски, најавувајќи дека ќе предводи владина делегација на 25 јануари во вторник во Софија каде ќе се реализира меѓувладина седница со премиерот Кирил Петков кој ќе ја предводи владината делегација на Република Бугарија.
„За јазикот и идентитетот не се приговара. Ништо не се прави позади грб. Затоа постојат разговори. Без да се допира во интересите на македонската и бугарската држава и согласно Резолуцијата во нашето Собрание”, вели премиерот Ковачевски за решавање на спорот со Бугарија, оценувајќи ја како позитивен исчекор средбата со неговиот бугарски колега, Кирил Петков.

watch anime free. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

4anime. biz Boruto: Naruto Next Generations (Dub)

online anime Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Cour 2

My Hero Academia Season 4 Episode 17

anime streaming Attack on Titan (Dub)

animes online That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2

tải go88