June 25, 2022 22:54
Македонија

Ковачевски: Сопругата ми е родена во Крива Паланка, не можам да коментирам за прадедовци

Не знам зошто е од интерес потеклото на роднините на мојата сопруга. Сите поседуваме лични документи од Северна Македонија. Нема да ги коментирам предците на мојата сопруга, изјави денеска премиерот димитар Ковачевски по вчерашната објава на бугарски Труд дека неговата сопруга била Бугарка.

Според Труд, кој тврди дека поседува документи, таткото и дедото на Елена Ковачевска – Митко Станојковски и Станојко Станојковски се Бугари родени во општина Босилеград.

-Не знам зошто би било од интерес потеклото на мојата сопруга. Таткото на мојата сопруга е роден во Куманово, дедото на мојата сопруга е роден во Крива Паланка. Мојата сопруга е родена во Крива Паланка, јас сум роден во Куманово, нашите деца се родени во Скопје. Сите ние поседуваме лични документи на РСМ. Во однос на предците не можам да коментирам во такви детали, да зборувам за прадедовци и чукун дедовци, не било тоа никогаш тема на разговор, изјави премиерот.

Бугарскиот портал, меѓудругото, коментира дека Ковачевски изјавил дека го покренал прашањето за човековите права за малите етнички групи „на високо ниво“. Инсистирал на тоа дека сите граѓани, вклучително и Бугарите, имаат еднакви права и можности за професионален развој и е подготвен да разговара на оваа тема.

Весникот пишува за босилеградскиот регион кој бил откорнат од Бугарија и окупиран од Србија, односно дека во Југославија Бугарите биле асимилирани и преселени во денешна Северна Македонија.

go88 thiên đường online Go88 - Tải Go88 Thiên đường Game Bài Đổi Thưởng lớn nhất go88 hotline

hotline sunwin sunwin energy co. ltd tại sunwin88