February 2, 2023 03:22
Македонија

Ковачевски: Следува ново покачување на пензиите и платите во 2023

Минималната плата ја покачивме двојно, од 8.000 денари во време на ВМРО-ДПМНЕ, на 18.000 денари, знам дека работниците по македонските конфекции најдобро знаат што значи оваа разлика, што значи да се цени и почитува нечиј труд, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва на трибината организирана во Штип.
Ковачевски посочи дека Штип е работнички град и дека СДСМ парите ги насочува кон работниците, а ВМРО-ДПМНЕ ги сметаше за евтина работна рака која треба да се искористи.
-Но сето тоа не е доволно и затоа минималната плата ќе порасне и наредната година. Во Буџетот имаме одвоено пари за покачување и на пензиите во март 2023 година за нови шет отсто. Со тоа за сите 330.000 пензионери ќе обезбедиме покачување за 16% на пензиите за една календарска година. Ако пред 10 месеци клучното прашање беше дали ќе успееме да обезбедиме храна, пари, струја и нафта, денеска клучното прашање е можеме ли заедно да го пребродиме последниот дел од економската бура, рече Ковачевски.
Претседателот Ковачевски порача дека 2023 е година на економски пресврт и подобар живот за сите граѓани.
-Стојам пред вас и со сиот резултат и економско познавање ви велам можеме! Со новиот буџет за наредната година и економскиот план, тргнуваме во офанзива. Конечно да ја победиме кризата, да почнеме да растеме, да го зголемиме животниот стандард и следната година да биде подобра од оваа, беше дециден претседателот Ковачевски вечерва во Штип.