Македонија

Ковачевски: Секој работник заслужува еден ден да биде слободен и да биде со своето семејство

„Во моето експозе најавив дека уште од првиот ден ќе се зафатам со справување на енергетската криза, пандемијата и животниот стандард на граѓаните, со пензиите и минималната плата”, рече во интервју за Канал 5 Телевизија премиерот Димитар Ковачевски.

„Идна недела започнува социјалниот дијалог за износот на минимална плата во државата во кој се вклучени синдикатите и компаниите. Сметам дека во овој процес треба да се востанови соодветна методологија која ќе биде во корелација со продуктивноста на трудот. Притоа сите имаат одговорност – и вработените и менаџерите. Менаџерите треба да ја зголемуваат продуктивноста со воведување нови инструменти, нови технолошки процеси”, рече Ковачевски.

Околу реакциите во врска со Законот за недела неработен ден премиерот Ковачевски истакна дека овој закон е донесен низ инклузивен процес во кој беа вклучени и коморите, и синдикатите и социјални партнери и дека тој го поддржува концептот секој работник да има слободен ден.

„Јас сум на страната на работниците. Сите работници заслужуваат да ја имаат недела како неработен ден кој ќе го поминат со своите деца и семејства. Сепак, имавме предвид дека постојат индустрии кои не можат да затворат во недела и постапки кои не можете да ги затворите во недела како царински постапки или логистички процеси, сѐ беше земено предвид, во тој социјален дијалог”, подвлече Ковачевски.

Ви интервјуто премиерот Ковачевски најави дека ќе има зголемување на пензиите.

„Колку ќе биде тоа, не можам да лицитирам со бројки, бидејќи сакам тие да бидат прецизни. Веќе ги правиме анализите и ќе ги повикаме здруженијата на пензионери и партија на пензионери и заедно со Министерството за финансии и Пензискиот фонд и согласно расположливите буџетските средствата ќе работиме на зголемување на пензиите. Буџетот е комплетно ликвиден, а Пензискиот фонд има средства со кои располага”, вели во интервју за Канал 5 Телевизија, премиерот Димитар Ковачевски.

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

GoGoAnime JUJUTSU KAISEN

anime website Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation

watch anime GoGoAnime WONDER EGG PRIORITY

Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita. Episode 1

watch anime online Naruto