June 27, 2022 23:57
Македонија

Ковачевски – Савада: Заинтересираност од Јапонија за инвестиции и силна поддршка за евроинтеграциите и обединета Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Хиронори Савада, амбасадор на Јапонија во земјава.

На состанокот се потврдени традиционално добрите и пријателски односи помеѓу двете држави и определеноста од двете страни за развој на соработката.

Посочено е дека предвидената скорешна посета на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на Јапонија е потврда за блиската билатерална соработка меѓу државите.

Заеднички е оценето дека постојат потенцијали за унапредување на економската соработка. Во таа насока, пренесена е заинтересираност од јапонски компании за инвестирање во земјава.

Истакната е и силна поддршка од Јапонија за напредокот на нашата држава во европските интеграции, бидејки, како што е оценето, од важност за сите, и за Северна Македонија, но и за Европската Унија и за светот е обединета Европа, со интегриран Западен Балкан во Унијата.

Исто така, заеднички е констатирана важноста на политичката стабилност во државава, со цел задржување на економската и на социјалната стабилност, во полза на граѓаните.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за искреното пријателство со Јапонија и за значајната поддршка што ја добива земјава од Јапонија, како еден од најголемите билатерални донатори.

Претседателот на Владата Ковачевски, ја поздрави Иницијативата на Јапонија за соработка со Западен Балкан од 2018 година и упати покана до компаниите во Јапонија за посета на државава.

„Економијата е стабилна и денарот е стабилен. Носиме одлуки за доброто на граѓаните и нема да дозволиме какви било несериозни притисоци за политички интереси да наштетат. За таа цел ја развиваме и регионалната соработка преку иницијативата Отворен Балкан. Во однос на отворањето преговори, Република Северна Македонија го прави потребното, работиме напорно за напредок на државата и поставени сме принципиелно во развојот на добрососедските односи”, рече премиерот Ковачевски. 

go88 bui ba quan Go88 – Thiên đường giải trí cùng Game bài đổi thưởng hot nhất go88 nemo vin

hướng dẫn nạp tiền sunwin Tải Sunwin APK IOS 2022 mới nhất | Đánh giá cổng game SUNVN aktie sunwin