June 25, 2022 23:08
Македонија

Ковачевски: Посветени сме на севкупен економски развој и на заштитата на стандардот на граѓаните

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска се обрати на настанот по повод официјалното пуштање во работа на две нови инвестиции на Групацијата НИКОБ – ПЗУ НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб.
Премиерот Ковачевски овие инвестиции ги оцени како значајни затоа што се остваруваат во услови на сегашната економско-енергетска криза, а значат раст на бројот на работни места.
Во продолжение на ова соопштение Ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Ковачевски во целост:
„Дозволете да упатам честитки до Групацијата НИКОБ која две години откако одбележа 25 години од своето постоење како агенција за обезбедување лица и имот, одлучи успехот да го надогради со инвестиции во приватната здравствена заштита – Поликлиниката НИКОБ Медикал и биохемиската и молекуларна дијагностика НИКОБ Лаб.
Овие инвестиции се направени во екот на светската здравствена криза со КОВИД-19 со што групацијата НИКОБ покрај иницијативноста за инвестирање во време на криза покажа и општествена одговорност. Инвестициите како оваа денес и развојот на домашните компании се двигател на националната економија. Истите се возможни како резултат на заложбите на Владата насочени кон создавање услови за развој на приватниот сектор, но и овозможување услови младите својата иднина да ја градат тука, дома, во компании кои се посветени да придонесат кон економскиот развој на државата но и да вложат во развој на човечкиот капитал.
Овие инвестиции се исто така значајни и нивната вредност е уште поголема со оглед на тоа што се случуваат во услови на сегашната економско-енергетска криза, а значат раст на  бројот на работни места. Во таа насока, инвестицијата на оваа компанија ја гледаме и од аспект на отворање на нови, високо стручни работни места за наши сограѓани кои своите професионални ангажмани сега ги остваруваат во групација која има преку 2.600 вработени.
Зачувувањето и отворањето на нови работните места е висок приоритет на оваа Влада. И во услови на пандемија, со шесте пакети антикризни мерки, кои се проценети на вредност од околу 1,2 милијарди евра, беа сочувани околу 60-80.000 работни места и беа поддржани преку 20.000 компании.
Воедно, влогот во човечки капитал, Владата силно го поддржува, и затоа уште од старт реализиравме раст на минималната плата од 18.000 денари, а паралелно согласно статистика расте и просечната плата и истата изнесува скоро 30.000 денари.
Во оваа насока, сакам да нагласам дека продолжуваме со посветена работа за создавање услови и поддршка за натамошно намалување на невработеноста до крајот на годината. Невработеноста во четвртото тримесечје од 2021 година е на најниско ниво во независната економска историја и изнесува 15,2%.
Согласно плановите за развој стапката на вработување се предвидува да се зголеми на 54,3% во 2026 година, а стапката на невработеност за првпат да влезе во едноцифрена зона до 2026 година од 8,6 %.
Со заедничка посветена работа на Владата, коморите, синдикатите, експертската јавност како и со поддршка на меѓународната заедница реализацијата на овие планови ќе овозможи севкупен економски развој на државата, но и заштита на стандардот на граѓаните.
Во овој момент, пред нас се огромни предизвици. Нѐ чека тешка година, но јас верувам дека заедно ќе ја премостиме. Во услови на најголемата светска криза во поновата историја фокусирани сме кон ублажување на последиците од кризата, но и креирање мерки за економски развој и реализација на капиталните инвестиции.
Уште на почетокот ги преземавме сите неопходни чекори за да се ублажат ценовните шокови. Брзо и навремено, донесовме пакет мерки во вкупна вредност од 615 милиони евра за да се амортизираат притисоците врз стандардот на граѓаните и да се обезбеди ликвидност на компаниите.
Со овие антикризни мерки, сметките на граѓаните се помали за околу 4.000 денари месечно.
Со финансиска поддршка преку Развојната и комерцијалните банки преку користење на бескаматни кредити и користење на Гарантниот фонд овозможивме ликвидност на компаниите.
Сите овие политики и мерки обезбедуваат поддршка и за граѓаните и за компаниите со што се овозможува поволна клима за понатамошен економски развој. Од тој аспект иницијативноста каква што ја покажува НИКОБ Групацијата е особено ценета бидејќи е резултат на прифаќање на предизвиците кои со правилен пристап, посветено и заеднички можат да се совладаат.
Кризата е секогаш и можност за развој и затоа ние како Влада континуирано работиме на обезбедување услови кои ќе овозможат поволна бизнис клима, ликвидност на компаниите но во исто време и заштита на животниот стандард на граѓаните, особено во услови на криза”.

go88 play info

sunwin nạp tối thiểu bao nhiêu đại lý game sunwin diễn đàn sunwin