Македонија

Ковачевски: Определбата на Шведска да остане најголем билатерален донатор во нашата земја е признание за нашите политики

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ја прими амбасадорката на Шведска во нашата земја Кристин Форсгрен Бенгтсон.

Амбасадорката Кристин Форсгрен Бенгтсон на премиерот Ковачевски му го врачи личното писмо на претседателката на Владата на Шведска Магдалена Андерсон во кое таа му го честита изборот на претседател на Владата на Северна Македонија и му посакува нему, и на членовите на неговиот кабинет успех во реализацијата на зацртаните програмски приоритети.

Претседателот на Владата Ковачевски на средбата се заблагодари за поддршката на Кралството Шведска низ сите години на независност на Северна Македонија, уште од воспоставувањето на дипломатските односи во 1993 година.

Ковачевски во разговорот се задржа на прашањата од приоритет на Владата на Северна Македонија меѓу кои во врвот се политиките за справување на енергетската и здравствената криза и мерките за елиминирање на последиците по економијата во чиј фокус се поддршката на инвестициите во реалниот сектор за зачувување на работните места и имплементацијата на реформите.

Во однос на процесот за интеграција на Северна Македонија во ЕУ, премиерот Ковачевски го истакна напредокот на односите со Бугарија кои се повторно вратени на највисоко политичко ниво, и додаде дека воспоставениот дијалог и акциски план на работните групи во повеќе области ветува добра основа за политички решенија на отворените прашања прифатливи за двете страни.

Амбасадорката на Кралството Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон нагласи дека нејзината земја останува силен поддржувач на Северна Македонија и дека и понатаму ќе го афирмира ставот дека преговорите за членство во ЕУ треба да започнат без натамошно одлагање согласно одлуката на Европскиот совет од март 2020 година.

Амбасадорката Форсгрен Бенгтсон додаде дека Шведска, како најголем билатерален донатор од земјите на ЕУ во земјата ќе продолжи со поддршка на Северна Македонија во повеќе области и дека во претстојниот период ќе се активираат повеќе планирани иницијативи за поголема трговска размена и за дополнителен поттик на компаниите од Шведска да инвестираат во земјата.

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

4Anime How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom

TSUKIMICHI -Moonlit Fantasy-

watch animes 4Anime Komi Can’t Communicate

Boruto: Naruto Next Generations (Dub) Episode 148

JUJUTSU KAISEN (Dub)

tải go88