December 9, 2022 13:52
Македонија

Ковачевски обезбедува струја, енергенси и парно во пресрет на зимата, поддршка за граѓаните и фирмите  

Во пресрет на најтешката зима во Европа по Втората светска војна, Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски обезбедува стабилно и сигурно снабдување со струја и енергенси.
Обезбедени се доволно средства, за сите потреби од енергенси и топлинска енергија за претстојната зима.
Сите основни и средни училишта ќе бидат на регулиран пазар на струја. Со што ќе се намалат нивните трошоци и со што ќе обезбедиме непречен наставно-образовен процес со физичко присуство за целата зима.
Граѓаните, домаќинствата и малите потрошувачи добиваат стабилна и континуирана испорака на струја, а сметките за струја на граѓаните ќе продолжат да бидат субвенционирани со 80%.

Болниците и здравствените установи ќе бидат обезбедени со струја, преку ЕСМ продажба по цена која е поповолна од берзанската.

Донесена е и одлука за започнување на постапката за издавање лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар, парно во главниот град ќе има во текот на целата грејна сезона.

Ова се ефикасни, навремени мерки со кои ќе ги надминуваме последиците од глобалната енергетска криза, им помагаме на граѓаните, компаниите, училиштата, болниците.

Се грижиме за сите подеднакво.