January 29, 2023 13:12
Македонија

Ковачевски не одржал средба со Таравари, не е планирана за оваа недела

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата изјави дека не остварил средба в.д. претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и оти не е планиран состанок во текот на оваа недела.

Имено, пред неколку денови премиерот изјави дека разговорите со АА во контекст на европската иднина на земјата ќе продолжат и доколку се усогласат по клучните принципи може да се случи проширување на владиното мнозинство.