June 25, 2022 08:46
Македонија

Ковачевски нека не бега и нека ја прифати подадената рака од страна на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тоа е во интерес на граѓаните и на Македонија

Ковачевски не треба да бега од подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ за излез од кризата. Тоа е во интерес на граѓаните и на Македонија. Ковачевски треба да престане да биде заложник на заевизмот, но и заложник на коалицискиот партнер.

ВМРО-ДПМНЕ нуди пакет кој е во интерес на граѓаните, кои на крајот на краиштата во огромно мнозинство сметаат дека Македонија се движи во погрешен правец. Затоа предлагаме експерти кои можат да помогнат во клучните области, но и да определиме датум за предвремени избори, кои патем може да се одржат со изменет закон со една изборна единица како едно од барањата во коалицискиот договор помеѓу СДСМ и нивните помали партнери.