November 27, 2020 07:16
Македонија

Ковачевски на ТВ 24: ВМРО-ДПМНЕ предизборно вработуваше партиски послушници во ЕСМ

Денес во ова претпијатије бројојт на вработени е намален Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски во гостување во Телевизија 24 истакна дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ кои раководеле во Елесктрани на Северна Македонија масовно пред избори вработувале луѓе во ова претпријатие. – Најголем број на партиски вработувања имате направено во 2012 кога вработивте 700 лица во ЕСМ. За споредба, во 2017 година во АД ЕСМ имаше 4.824 вработени, а денес има 75 лица помалку, што значи дека не е точно дека ние сме правеле партиски вработувања, му реплицираше Ковачевски на Стево Антевски од ВМРО-ДПМНЕ. Ковачевски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ организираше лотарија за врабитувања во Македонски Шуми каде се вработуваа и по неколку членови на едно семејство.