February 3, 2023 11:30
Македонија

Ковачевски на средба со Совет на амбасадори: Потребно ни е сето знаење и институционална меморија за историски најважната евроинтеграција која ни претстои

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска беше домаќин на средба со претставници на Советот на амбасадори, претседателот Мухамед Халили, Тихомир Илиевски, Елеонора Петрова, Љупчо Арсовски, Илјаз Сабриу, Нано Ружин.

На состанокот се разговараше околу тековниот скрининг процес, како и претстојните чекори кои Владата ги спроведува во преговорите со Европската Унија. Поздравена беше посветеноста на Владата која е видлива во спроведувањето на скрининг процесот, но и кон задржување на европскиот курс на државата.

Премиерот Ковачевски истакна дека Владата е целосно поставена со политиките на ЕУ, а секако и како НАТО членка силно придонесува кон обединетоста и заедништвото во политиката на Алијансата.

На средбата се разговараше и за глобална состојба со енергетската криза предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина и развојот на состојбите и можните сценарија за претстојната зима.