January 29, 2023 13:30
Македонија

Ковачевски на прием кај градоначалникот на Виена

Фејсбук статус на премиерот Димитар Ковачевски

-Ми беше чест да присуствувам на срдечниот прием организиран од страна на градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг. Пријателски продискутиравме за важноста од функионални урбани средини, развиена градска патна инфраструктура и транспортни системи, нешто што беспрекорно функционира во австриската престолнина.
Евроинтегративниот процес на Северна Македонија ќе има придобивки како за државата, така и за севкупниот локален и регионален развој на земјата. Затоа треба да ги искористиме достапните фондови за модернизирање на градовите и на сите општини во интерес на граѓаните. Сетоа тоа значи развој и на севкупната економија.