February 3, 2023 10:26
Македонија

Ковачевски: Левица стана десница, а Мицкоски е во нивно заложништво

На нашиот европскиот пат има голема и реална опасност, тоа е Левица предводена од Димитар Апасиев, која со своето дејствување стана десница, порача вечерва од Кочани, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

– Со опасниот популизам, со својата анти-ЕУ и запалива реторика Левица станува се посилна и повлијателна. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги имаат целосно земено како заложници затоа што Мицкоски е слаб, без визија и без став,додаде Ковачевски.

Ковачевски посочи дека Мицкоски е во паник и се што прави прави само за да не заостане зад Левица и Апасиев.

– Затоа тој гордо вели дека е континуитет на Ванчо Михајлов, затоа блокира закони во македонското Собрание среде криза, затоа блокираше 100 милиони евра помош за државата. Ова е реална закана за земјата, да се попречи европскиот план и да се втурне државата во неизвесност и изолација, во внатрешни поделби на народот. Ако тоа се случи, ќе станете со лажно чувство на гордост наутро но ќе си легнете гладни и сами навачер, непризнаени и осамени, рече Ковачевски.