Македонија

Ковачевски- Кундурос: Силна поддршка од Грција за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, во најскоро време

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Русос Кундурос, амбасадор на Хеленската Република во нашата држава.
На состанокот се изразени честитки за изборот на премиерот Ковачевски и новата Влада и е  констатирано дека има услови за натамошно унапредување на односите меѓу двете држави, како во областа на енергетиката и економијата, така и во сите други области од значење за граѓаните.
Пренесена е и силна и недвосмислена поддршка од Грција и премиерот Кирјакос Мицотакис, за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ во најскоро време.
Оценето е дека европските интеграции на Западен Балкан се придонес во регионалната стабилност, можност за имплементација на европските стандарди во државите, а со тоа и развој на регионот, што се гледа како придобивка за сите.
Премиерот Ковачевски се заблагодари на амбасадорот Кундурос за поддршката од грчкиот премиер и од Хеленската Република за напредокот на Република Северна Македонија во евроинтеграциите, по членството во НАТО.
„Решавањето на политичките прашања помеѓу Северна Македонија и Грција со Договорот од Преспа, отвори простор за развој на економските односи. Како држава, учествуваме во енергетскиот проект Александропули, трговската размена со Грција е добра и тоа се само некои показатели дека односите меѓу државите се одвиваат во позитивен правец и во таа насока и ја продожуваме соработката”, рече премиерот Ковачевски.
На средбата е разговарано и за други актуелни прашања од значење за двете држави.

https://44anime.net/. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

4anime Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub)

stream anime online 4Anime Horimiya (Dub)

4Anime Mieruko-chan Episode 8

4Anime That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 16

free anime Naruto: Shippuden (Dub)