January 24, 2022 15:12
Македонија

Ковачевски: Кој нема да може да си ја сработи задачата ќе треба да го препушти местото

Корупцијата мора да биде јасно детектирана и да постојат лекови со кои таа ќе се намалува, порача кандидатот за претседател на СДСМ Димитар Ковачевски во гостувањето на ТВ24. Тој кажа дека во Владата веќе се работи на изготвување на Стратегија за борба против корупцијата, заедно со меѓународните партнери, која за неколку дена ќе биде презентирана.

-Јас лично како човек сум се залагал за нулта толеранција кон корупцијата, бидејќи сум работел во меѓународни компании каде тоа воопшто не се толерира. Кога процесите се дигитализираат се намалува и корупцијата. Таму каде што се намалува личниот контакт таму се намалува и корупцијата, рече Ковачевски.

Според него, мора да постои и одговорност, како согласно законот и така и согласно перформансите.

-Ако некој не успеал во роковите да заврши одредена задача, а да нема објективна причина зошто тогаш ќе треба да отстапи и да го препушти местото на некој што ќе умее тоа да го сработи, заклучи Ковачевски.

anime to watch. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

Horimiya (Dub) Episode 13

watch anime online AnimeDao Attack on Titan Final Season (Dub)

Fairy Tail (Dub) Episode 172

AnimeDao Redo of Healer Episode 10

AnimeDao Attack on Titan