Македонија

Ковачевски изјави дека ќе воспостави комуникација со опозицијата

Премиерот Димитар Ковачевски, по денешниот прием кај претседателот Стево Пендаровски по изборот на новата Влада, изјави дека ќе воспостави комуникација со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со цел наоѓање на решенија за проблемите со кои се соочува државата.

– Во однос на соработката со опозицијата, јас сум застапник и длабоко верувам во партиципативен начин на водење политика, особено во услови кога имаме голема енергетска криза, кога имаме економска криза кој е предизвикана од таа енергетска криза, европска енергетска криза. Исто така се уште сме во услови на здравствена пандемија и сметам дека сите политичари и сите експерти, без разлика на нивната партиска или политичка провинијенција треба да дадат свој придонес во решавање на овие проблеми. Во таа насока нормално дека со господинот Мицкоски ќе воспоставиме комуникација и ќе разговараме за сите теми за наоѓање на решенија кои ќе бидат во насока на подобрување на состојбите во сите овие области, истакна Кочавевски, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има конкретен повик до Мицкоски за лидерска средба.

free anime online. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

anime stream AnimeDao The Daily Life of the Immortal King 2nd Season

AnimeDao The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat

World's End Harem

free anime online Redo of Healer

AnimeDao Naruto Episode 216

tải go88