Премиерот Ковачевски објави на Фејсбук дека телефонски разговарал со градоначалникот на Битола, Коњановски, за да се информира за состојбата со пожарот во фабриката „Жито Битола“.
„Вечерва телефонски разговарав со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски за да се информирам за состојбата со пожарот во фабриката „Жито Битола“. Министерот Спасовски и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов се во постојана комуникација со општината, а екипите на МВР навремено пружија поддршка за локализирање на пожарот. Благовремената и координирана реакција го спречи ширењето на пожарот и предизвикување на поголема штета“, објави премиерот Ковачевски.