June 28, 2022 10:07
Македонија

Ковачевски да се охрабри и да договориме датум за избори, така ќе видиме дали анкетите се реални или не

Единствен начин за да докажеме и покажеме дали анкетите се точни, е да одиме на избори, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира последните анкети на јавното мислење и обвинувањата од страна на СДСМ дека истите се измислени.

Мицкоски го повика Димитар Ковачевски и СДСМ да се охрабрат и да седнат на маса за да договорат датум за предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да одлучат.

Има единствен начин тоа да се покаже и докаже, дали се измислени или не се, е да одиме на избори. Нека се охрабрат и нека го охрабрат Ковачевски да седнеме на маса и да договориме датум за предвремени парламентарни избори. Тоа е единствениот начин да видиме дали анкетите се лажни или не се лажни. Нема друг начин, истакна претседателот Мицкоски.

Единствен начин за да докажеме и покажеме дали е тоа така е да одиме на избори. Тогаш народот ќе си каже дали тие се добрите и нас не чека пораз, или пак работата е сосема поинаква. Само да не биде како после локалните избори да прават математики и гимнастики, додаде тој.

md5 go88 đổi mật khẩu go88 go88 bị điều tra

SUNWIN - Nhà Cái Game Bài Uy Tín Nhất Thị Trường 2022 kéo tài xỉu sunwin sunwin pro