August 14, 2022 21:07
Македонија

Ковачевски да каже што тајно преговара тим од владата во Софија, дали основата е предлогот кој ги уништи Македонските позиции?!

Ковачевски да каже што тајно преговара тим од владата во Софија, дали основата е предлогот кој ги уништи Македонските позиции?!
 
Што бара владиниот тим во Софија и дали Ковачевски повторно ќе кажува дека не го видел предлогот кој го преговараат негови луѓе?
 
Ковачевски со неговото лажење и манипулирање ја загрози државата. Трајно се нарушени Македонските позиции.
 
Ковачевски ја загрози и Македонската евроинтеграција.
 
Со предлогот каков што го преговараше Ковачевски Македонија за да влезд во ЕУ треба да се бугаризира. Од првичните намери беше спречен од народот, академската заедница, новинарите, колумнистите и ВМРО-ДПМНЕ.
 
Дали сега повторно на мала врата преговара нешто кое удира по Македонските црвени линии, па после ќе кажува дека не го видел предлогот.
 
Не поминуваат веќе лагите на Ковачевски. Избори веднаш.