Премиерот Ковачевски, Стефанија и нејзиното семејство се согласија дека е многу важна рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот и дека таа придонесува работниците како Стефанија да бидат помотивирани, поодморени и поефикасни на работното место.
Со ова законско решение, рече премиерот Ковачевски на средбата, е направен уште еден исчекор кон унапредување работничките права и социјалната правда со што е продолжена грижата и поддршката за работниците како приоритет на Владата.
Претседателот на Владата изрази благодарност до работодавачите и стопанските комори, како и до синдикатите кои го поддржаа ова законско решение и додаде дека одделните разлики што се појавија во имплементација на неработниот ден ќе бидат усогласени во интерес на сите.
Ковачевски потенцираше дека работниците се движечката сила на економијата и на развојот на нашето општество и затоа и грижата за нив треба да биде на највисоко ниво.
„Токму затоа за неполни четири години минималната плата од 9.000 е покачена на над 15.000 денари што е повеќе од 6.000 денари месечно по вработен, или 72.000 денари повеќе во семејството”, рече на средбата Ковачевски.
Тој додаде дека државата ќе биде секогаш тука да ги унапредува правата на работниците, економијата и животниот стандард на граѓаните и со поддршка на растот на платите.