August 12, 2022 01:36
Македонија

Ковачевски, Вучиќ и Рама на вонреден состанок: Утре претпладне финална одлука за учество на самитот во Брисел

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил информираше дека денеска се одржал вонреден состанок на Отворен Балкан, а во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан.

„Заедно со моите колеги Александар Вучиќ и Еди Рама разговаравме за националните позиции на секоја од земјите, регионалните перспективи како и за динамиката на евроинтеграцискиот процес. Се согласивме дека по дополнителни интерни консултации, утре претпладне ќе ја донесеме финалната одлука за нашето учество на ЕУ-Западен Балкан самитот во Брисел. Разговараме и за повеќе теми кои се важни за регионот и покренавме иницијатива за Агенција за привлекување инвестиции на Отворен Балкан, која ќе овозможи дополнителен економски развој за регионот“ – информираше Ковачевски.