January 26, 2021 06:38
Македонија

Ковачевски: Времено се откажуваме од инвестиции во Белене, се насочуваме кон Александропулос

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски попладнево обелодени дека времено државата се откажува од инвестиции во бугарската нуклеарна централа Белене и се насочува кон инвестиции во гасна електрана во Александропулос.

Во видео обраќање на Македонскиот енергетски форум, Ковачевски истакна дека со инвестицијата во Александропулос се очекува да се подобрат перформансите на компанијата во поглед на стабилно производство на електрична енергија.

– Сакам да истакнам дека времено се откажуваме од планираната инвестиција во нуклеарната централа во Белене, Република Бугарија и се насочуваме кон можноста да инвестираме во гасна електрана во близина на гасниот терминал во Александропулос, Република Грција. Електрана со инсталирана моќност до 800 мегавати во која нашата држава преку АД ЕСМ би имала сопственост од 25 проценти и до 200 мегавати со што значително ќе се подобрат перформансите на компанијата во поглед на стабилно прозводство на електрична енергија, рече Ковачевски.

Северна Македонија минатата година најави дека има интерес да биде дел од проектот Белене, проект којшто Бугарија неколкупати го најавуваше и откажуваше.

Attack on Titan: Since That Day (https://animeflix.nl/m/xEnD) Episode Full at website https://animeflix.nl. See more death note animeflix

The Day I Became a God (https://animefreak.ws/m/Yv2v) Episode 12 at AnimeFreak kiss anime freak