Македонија

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ лаже од прв ден-докторирав во Црна Гора, во Харвард бев на доусовршување

„Од првиот ден кога станав кандидат за претседател на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ почна да изнесува лаги и невистини за мене. Јас не ги коментирав, бидејќи моето ЦВ е достапно на интернет. Магистрирав во Скопје, а докторирав во Црна Гора“ кажа премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“ на Канал 5.

Тој додаде дека докторирал во Црна Гора бидејќи таму има доста пријатели и го отфрли шпекулациите дека тој докторирал додека неговиот татко бил амбасадор во оваа земја.

„Татко ми не беше амбасадор во Црна Гора, туку вршител на должност. Јас докторирав во 2008 година, а татко ми уште во 2007 година беше вратен во Скопје, кога имаше и операција на канцер. Не сакав да зборувам за тоа, но морам да кажам за да ги отфрлам овие шпекулации“ кажа Ковачевски.

Тој додаде дека во неговата биографија точно пишува и каде бил на доусовршување, отфрлајќи ги нападите дека лажел за неговото усовршување на Харвард.

„Најголем дел од мојата професионална кариера ја поминав како дел од Дојче Телеков, а бев и дел од Телеком Австрија Групацијата. Во такви компании секоја година дел од менаџерите одат на доусовршување, а Харвард има неколку такви програми кои траат од 6 до 12 месеци. Јас бев на програма за дигиталиација на маркетинг процеси во 2011 година. Подготвував студија на случај, а потоа отидов во Бостон каде што го добив и сертификатот“ кажа Ковачевски.

Премиерот додаде дека освен во Харвард, има завршено курсеви за доусовршување и во Ротердам, Барселона и Минхен.

Премиерот во високата политика се вклучил затоа што сака предизвици и е подготвен да понесе одговорност за важните процеси кои носат придобивки за граѓаните и за државата и додаде дека е човек кој самостојно одлучува врз основа на принципи.
„Човек докажува дали самостојно одлучува врз основа на одлуките што ги носи и принципите. Јас предложив нов Изборен одбор, нови потпретседатели и секретари во партијата, односно различни од оние што беа претходно. Исто беше и при изборот на Владата, каде се водев по принципот да се изберат лица со квалитети и знаења за извршување на функциите” рече Ковачевски.
„Тука би изнел паралела со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тие пред секои избори и секоја одлука мора да одат во Будимпешта на некаков состанок. Факт е дека пред секое ноесење на одлука на ВМРО-ДПМНЕ, мора да се оди во Будимпешта со некаков формален изговор, за да се добие согласност за тоа што се одлучува” рече премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју” на Канал 5.

 

https://animeflix1.com/. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

ANIMEFLIX The Daily Life of the Immortal King 2nd Season Episode 11

ANIMEFLIX Death Note Episode 33

anime flix TSUKIMICHI -Moonlit Fantasy-

sites to watch anime ANIMEFLIX Naruto (Dub)

anime to watch Horimiya (Dub)