August 15, 2022 21:33
Македонија

Ковачевски: Владата функционира ефикасно, во услови на криза се носат навремени мерки за поддршка на граѓаните и компаниите

Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција изјави дека Владата ќе функционира како и досега ефикасно и во услови на криза ќе се носат навремени мерки за граѓаните и компаниите.
„Владата во време на корона кризата донесе мерки во износ од 1,2 милијарди евра, пакети антикризни мерки. Јас бев тој кој тие антикризни мерки ги предлагаше како заменик-министер за финансии во Собранието. Овде има претседатели на партии кои се пратеници на Собранието и тие добро знаат дека јас таму бев деноноќно . И тогаш имаше блокади и тогаш кога се носеше пакетот антикризни мерки пратениците на опозицијата излегуваа надвор, гледаа дали има доволно пратеници од власта без да мислат на граѓаните. Уште минатата година донесовме мерки кои се однесуваа на намалување на ДДВ-то на електрична енергија и тие ги донесовме”, изјави премиерот Ковачевски.
Премиерот истакна дека и оваа година во март Владата донесе 26 антикризни мерки за справување со енергетската криза и кризата со зголемување на цените на енергенсите.

sun win

tải sunwin apk sunwin.apk mới nhất sunwin.apk mới nhất

sunwin apk

tải sunwin

tải sunwin apk sunwin apk game bài sunwin