June 28, 2022 07:53
Македонија

Ковачевски-Брнабиќ: Силната регионалната соработка е основа за забрзан економски развој

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска оствари средба со премиерката на Република Србија Ана Брнабиќ.
Премиерот Ковачевски и премиерката Брнабиќ на оваа средба, на која присуствуваа и заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, ги потврдија долгогодишните и традиционално добри билатерални односи кои дополнително се зајакнуваат од година во година, низ интензивен и пријателски политички дијалог потврден со редовни и чести средби и посети на високо ниво.

Претседателот на Владата Ковачевски истакна дека унапредувањето на односите меѓу двете земји продолжува во насока на продлабочување на односите со посебен акцент на економската соработка.

Од посебно значење, беше речено на средбата, беше помошта и поддршката од Република Србија за време на КОВИД-19 кризата кога оваа земја го помогна справувањето со пандемијата со вакцини и друга медицинска помош.

Ковачевски на средбата со премиерката на Република Србија се заблагодари за отстранувањето на забраната за извоз на житни производи и масло за јадење со што покажа разбирање и солидарност како дел од својата определба за соработка во регионот.

Претседателите на Владите на Северна Македонија и Србија, Ковачевски и Брнабиќ ја потенцираа комуникацијата и партнерството на највисоко ниво во рамките на Иницијативата Отворен Балкан како дополнителен импулс за регионална соработка, добрососедство и имплементација на европските вредности во нашиот регион.

Ковачевски и Брнабиќ оценија дека иницијативата треба да продолжи да функционира како платформа за регионална соработка на сите нивоа, притоа потенцирајќи дека е отворена поканата на претстојниот Самит на Отворен Балкан во Охрид да земат учество и другите земји од регионот со што ќе се почувствува поголема придобивка за сите граѓани од Западен Балкан.

На средбата стана збор и за подготвеноста на двете страни за организирање на третата заедничка седница на двете Влади како позитивен поттик за натамошниот развој и интензивирање на односите и соработката, особено во економската соработка.

Србија е трет најголем трговски партнер на Северна Македонија и премиерите Ковачевски и Брнабиќ констатираа дека вкупна вредност на трговската размена од над 1 милијарда долари, која што забележа раст токму за време на пандемијата е јасен знак дека економската соработка треба да продолжи да се унапредува со континуирани Б2Б средби и бизнис форуми, како и со заедничко вмрежување за настап на трети пазари.

Како посебно значајни за поврзување на регионот беа оценети автопатните и железничките инфраструктурните проекти на Коридорите 10 и 8.

Во однос на евроинтеграцијата на регионот, претседателите на Владите, Ковачевски и Брнабиќ оценија дека сега е вистински момент Северна Македонија и Србија да ги започнат преговорите со ЕУ и дека тој чекор ќе биде позитивен сигнал за целиот регион од аспект на неговата геостратешка важност и стабилност.

На средбата како позитивен беше оценет моментот на придвижување на односите меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со цел за надминување на меѓусебните прашања.

go88 máy chủ ở đầu go88 down go88 có hợp pháp không

https://sunwin.gg/