October 15, 2019 11:30
Свет

Книгата на Сноуден стана најпродавана во светот

Бившиот припадник на ЦИА и на Агенције за национална безбедност (НСА) на САД, Едвард Сноуден, откри како американските власти помогнале неговите мемоари да станат најпродаваната книга на светот, пренесува „Спутник“.

„Неколку часа откако владата на САД покренаа постапка за прекинување на публикацијата на моите нови мемоари „Permanent record“ (Досие), книга за која американската влада не сака да стигне до читателите, таа стана најпродавана на светот, напиша Сноуден на Твитер. Тој нагласи дека неговата книга може да се купи секаде каде што се продаваат добри книги. Министерството за правда на САД претходно поднесе тужба против Сноуден поради објавувањето на мемоарите зашто сметаат дека Сноуден на тој начин ги прекршил обврските за неоткривање информации. Во тужбата се наведува дека Сноуден ја објавил книгата без консултација со ЦИА и со НСА, а го теретат и дека имал јавни настапи на теми кои се поврзани со разузнавачките активности и дека немал право на тоа. Министерството за правда на САД додава дека тужбата на ниеден начин не се однесува на неговата книга, но посочија дека ќе бараат да се заплени сета заработка од нејзината продажба. Во врска со тоа, тужба е поднесена и против издавачката куќа која ја објавила книгата за да ја сречат да му ја исплати заработувачката на Сноуден додека ова прашање не биде решено.

 

Нови вести

Трамп: 1.000 американски војници остануваат на Блискиот Исток

zane

Жена загина при експлозија која урна зграда во Русија

zane

Австриската СПО е во големи долгови по поразот на изборите

Valentina