August 5, 2021 03:06
Свет

Кнесетот ја одобри новата влада на Израел

Израелските пратеници денеска ја одобрија  новата коалициска влада.

Со 60 гласови „за”, еден „воздржан” и 59 „против” изгласана е новата влада на Израел, со што се става крај на 12-годишното владеење на Бенјамин Нетанјаху.

Пратениците потоа го изгласаа Нафтали Бенет за нов премиер на Израел, а за претседател на Кнесетот го избраа Мики Леви од центристичката партија Јеш Атид.

Новата владина коалиција првите две години ќе ја води лидерот на десничарската партија Јамина, Нафтали Бенет, а потоа Јар Лапид од Јеш Атид исто толку време.

По гласањето во Кнесетот, официјалниот трансфер на власта ќе се случи в понеделник во кабинетот на премиерот.

Претходно, Ликуд на Нетанјаху вети „мирен трансфер на власта” по двегодишна политичка криза одбележана со четири избори што завршија или со неможност да се формира нова влада или влада на единство што траеше само неколку месеци.

AnimeBee | Watch Anime Online | English Sub & Dub Anime Free. The Legend of Jade Sword (https://animebee.to/m/94jo) Episode 19

GoGoAnime Watch english anime Online in HD for FREE. Watch Robotics;Notes (Dub) Episode 22

AniWatch Watch english anime Online in HD for FREE. The Seven Deadly Sins: Wrath of the Gods (Dub) Episode 24

KissAnime Ourstage: https://ourstage.com/kissanimemx