April 21, 2021 00:57
Спорт

Клоп ќе замине од Ливерпул за да си го оствари тренерскиот сон

Заостанувањето во трката за одбрана на титулата во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција на Ливерпул се причина „Билд“ да пишува за заминување од „Енфилд“ на трофејниот германски стратег Јирген Клоп.

Ако сезонава Ливерпул остане без трофеј Германецот ќе си замине по нов предизвик за да си го оствари својот тренерски сон. Според „Билд“  тој ќе добие понуда да ја преземе германската репрезентација и да заплива во селекторските води пред Европското првенство 2024 на мкое ќе бидат домаќини.

Тоа е сон за 53-годишниот стратег од Штутгарт, кој најви дека сака еден ден да ја води Германија. Клоп зборува за рана пензија од тренерскиот занает, па нема да биде изненадување ако му каже збогум на фудбалот по континенталниот собир.

Отсуството од нови големи засилувања носи проблеми за „црвените“. Тие се далеку од посакуваното ниво и од играта која во изминатите неколку сезони им донесе европска титула и трофеј во домашното првенство.

Клоп важи за еден од најдобрите тренери на денешницата. Остварените резултати зборуваат за неговите квалитети, а „панцерите“ одамна разгледуваат опција да го заменат Јоаким Лев, па можеби тоа ќе се случи по Мундијалот во Катар.

AnimeTV anime tv shows online: Watch Naruto Episode 58

AnimeFreak anime freak: The Misfit of Demon King Academy (Dub) Episode 13