November 27, 2021 06:12
Спорт

Клоп: Њукасл ќе стане фудбалска велесила

Њукасл во многу скоро време ќе стане фудбалска велесила, а Премиерлигата ќе мора да објасни зошто дозволи овој клуб да стане сопственост на една држава, изјави денеска тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Конзорциум од Саудиска Арабија за сума од 303 милиони фунти претходно овој месец го купи Њукасл, и покрај загриженоста во меѓународната јавност поради состојбата со човековите права во таа арапска земја.

Клоп оцени дека во рок од неколку години Њукасл ќе има загарантирано место во Лигата на шампиони, мислејќи притоа на финансиската моќ на новите сопственици.

– Што значи тоа за фудбалот?. Пред неколку месеци имавме голем проблем во светот на фудбалот со 12 клубови, кои се обидоа да формираат Суперлига. Тоа не се случи, но ова е своевидна креација на супер-клуб. Тоа е приближно исто. На навивачите на Њукасл тоа ќе им се допадне, но за нас тоа значи дека постои нова суперсила во името на Њукасл, изјави Клоп.

Германскиот стратег го опиша Њукасл како трет клуб во светот, кој е во „државна сопственост”, алудирајќи притоа на инвестициите на заливските земји во Манчестер сити и ПСЖ.

– Колку што јас знам, тоа е трет клуб во сопственост на една земја. Не сум сигурен колку земји имаат финансиска моќ и интерес за такво нешто, додаде Клоп.

Website https://animetv.cc: Watch 18if (Dub) animetv Episode 13 anime tv for free

Website https://wcostream.cc: Watch Bastard!! (Dub) wcostream Episode 6 wcostream spongebob

Sin: Nanatsu no Taizai - Masani Akuma no Shogyou... (Dub) (https://animepahe.cc/m/VVZ0) Episode Full

Street Fighter II: The Animated Movie (Dub) (https://animefreak.ws/m/JlXB) Episode Full

Website https://animeflix.nl: Watch KAIJU GIRLS animeflix Episode 12 animeflix safe