April 21, 2021 01:21
Спорт

Клоп пред разделба со Ливерпул, се знае и кој ќе го наследи

Актуелниот фудбалски шампион на Англија, Ливерпул е во резултатска криза. Ливерпул има три порази на последните четири средби во Премиер лигата и во моментов е на 8. место на табелата.  Доколку  не  почне да собира бодови и остане на оваа позиција на крајот од сезоната, тоа ќе биде најлошиот пласман во историјата на клубот откако се натпреварува во премиерлигашката конкуренција во Англија.

Поради ова трофејниот германски стратег Јирген Клоп кој на „црвените“ на Енфилд им ги донесе титулите шампион на Англија и Европа, е под притисок. Медиумите во Англија најавуваат негова смена, а веќе го пронајдоа и неговиот наследник на клупата, а тоа е поранешниот капитен и легенда на клубот Стивен Џерард кој во момент е тренер на Ренџерс во Шкотска.

Џерард за Ливерпул играше од 1998 до 2015 година, запиша 504 настапи, сега е пред враќање во клубот, но како тренер.

 

AniWatch watch anime dub: Watch One Piece Episode 821

ANIMEFLIX animeflix dragon ball z: Watch The Quintessential Quintuplets 2 Episode 11 (https://animeflix.nl/m/N0wN/ep-11)