November 25, 2020 08:37
Спорт

Клоп за ремито со Евертон: Ова е најдобриот натпревар на Ливерпул на гости со мене

Тренерот на актуелниот англиски фудбалски првак Ливерпул, Јирген Клоп ги сумираше впечатоците по денешниот натпревар од 5. коло во Премиер лигата со градскиот ривал Евертон (2:2).

– Играта беше одлична, врвна и добра за двата тима. Доминиравме против тим полн со самодоверба и со јасен план. Ова е веројатно најдобриот натпревар на гости откако сум во Ливерпул. Видов навистина добра изведба. Би бил посреќен ако победевме, но сакав да го видам одговорот и да го видам тимот што бевме порано. Можевме да победиме, но неколкуте спорни моменти досудени против нас пресудија да дојдеме само до бод.

Навистина ми се допадна како игравме против толку добар тим, рече Германецот во интервју за „BT Sport”.

Евертон и Ливерпул се на првите две места во Премиер лигата по пет одиграни натпревари.