August 25, 2019 09:28
Спорт

Клоп: Дуелите со Кардиф и Хадерсфилд се исто толку важни, како и оние со Барса

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги изедначи претстојните натпревари од Премиер лигата против Кардиф Сити и Хадерсфилд и полуфиналето во Лигата на шампионите против Барселона.
Ливерпул ја продолжуваат битката на двата фронта, но и покрај тоа се доволно свежи за одлучувачките дуели и во тимот нема никаков замор, тврди Клоп.

– Сите зборуваат за Барселона, но пред тоа имаме натпревари со Кардиф и Хадерсфилд, кои се исто толку важни како и предметниот дуел потоа. Се е во ред. Знаеме дека имаме многу важна работа да завршиме во текот на викендот. Не сме уморни. Ова е одлучувачки период од сезоната. Добро е што се бориме и во Лигата на Шампионите, и во Премиер лигата. Тренинзите сега се со понизок интензитет, вели стратегот.

Германецот го прокоментира и исклучителниот дуел од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и Тотенхем на „Етихад”. Двата тима се среќаваат повторно утре на истиот стадион, но во натпревар од Премиер лигата, а надежта на Ливерпул е дека „петлите” ќе извлечат нешто од овој дуел.

– Неверојатно е. Гледајќи што се случи, навистина сочувствувам со Сити. Сите мислеа дека има гол и целиот стадион славеше. Знам дека многу луѓе би рекле дека без ВАР тоа ќе беше сигурен гол, но и сега дискусиите продолжуваат. Во овој момент имаше офсајд, но е тешко да го прифатиш. Комплименти за Тотенхем. Во почетокот на сезоната реков дека тие имаа тешко лето, но не поради тоа што не зедоа никого, туку поради тоа што имаа само две недели одмор. Откако ќе постигнеш три гола на Сити, секако дека заслужуваш да продолжиш понатаму. Тоа ќе влијае на нивниот натпревар во шампионатот, додаде Клоп.

Нови вести

Елмас дебитираше за Наполи во Серија А

Igor

Гвардиола го расплака „Сантијаго Бернабеу“

Igor

Еурофарм Работник на пенал-рулет го загуби трофејот во Добој

Igor