November 12, 2019 05:41
Спорт

Клоп: Ако не сте храбри против Манчестер сити, не можете да освоите бод

Тренерот Јирген Клоп, на актуелниот европски фудбалски првак и лидер во англиската Премиерлига Ливерпул е уверен дека неговиот тим треба да биде храбар и да го одигра најдобриот натпревар што може за да го победи Манчестер сити. Овие две екипи се главните кандидати за титулата во Премиерлигата, а се соочуваат на „Енфилд” в недела. Ливерпул има шест бода предност пред актуелниот англиски шампион.

– Не можеме да бидеме само офанзивни. Ако еден тим не е доволно храбар против Манчестер сити, нема шанси да освоиме ниту еден бод. Мора да бидеме храбри и ние. Мора да ја играме нашата најдобра игра. Сите на стадионот треба да бидат во врвна форма, рече Клоп на денешната прес-конференција.

Германецот објави дека Вирџил ван Дајк и Џордан Хендерсон, кои ги прескокнаа тренинзи оваа недела, се подготвени за дербито в недела.

– Вирџил не беше со нас во четвртокот, но причината не е поврзана со повредата. Таа е сосема различна и тој е во ред. Џордан е исто така здрав сега. Жоел, сепак, не е подготвен, како што е ситуацијата и со Шакири и Клајн, вели Клоп.

Нови вести

Милан Борјан постави клупски рекорд на Црвена звезда

Igor

Ибрахимовиќ се двоуми дали да се врати во Милан или Манчестер

Igor

„Металците” и „Сонцата” си ја препуштаат фаворитската улога

Igor