October 28, 2020 19:03
Магазин

Клинтон повеќе не може ова да го крие: Се наоѓа во центар на педофилски скандал, откриени сите тајни врски, масажи и состаноци

Поранешниот американски претседател, Бил Клинтон, бил на интимна вечера со Гислејн Максвел во 2014-та година – откако била обвинета дека регрутирала девојки за педофилот Џефри Епстајн, се тврди во извештајот на “Daily Beast”.

Како што се навеудва, Клинтон бил со група пријатели на вечера во Лос Анџелес, вклучувајќи ја и наводната мадам Гислејн и нејзиниот сопруг.

Меѓу гостите биле и актерот Шон Пен, стои во извештајот.

Максвел моментално се наоѓа во затвор во Бруклин поради сомнение дека подведувала малолетнички за Епстајн.

“Daily Beast” пак пишува дека не е јасно зошто Максвел била на вечерата, но изворите тврдат дека била блиска со поранешниот претседател и неговата ќерка Челси.

Максвел наводно повеќе пати била и гостин во домот на Клинтон.

Меѓутоа, како што пренесуваат медиумите, врската Клинтон-Максвел оди многу подалеку од таа вечера.

Александар Џарси, син на Изабел, сестрата на Максвел, работел како шеф на персоналот во Бирото за блискоисточни работи од мај 2011-та до јуни 2012-та година, додека Хилари Клинтон била државна секретарка.

Тој првата работа ја добил веднаш по колеџ, а некои медиуми пренесуваат дека имал специјален третман кај Клинтонови…

Преземено од Точка