Свет

Климатските промени предизвикуваат масовно изумирање на жабите

Болест што ја предизвикува ранавирусот е причина за масовно изумирање на жаби во Обединетото Кралство, јавија локалните медиуми.

Испитувајќи живи жаби и користејќи податоци од Met Офис и Проектот за смртност на жаби на Фроглајф, истражувачите откриле дека растечките температури во последните децении всушност одговараат на историските трендови на масовна смртност поврзана со болеста, пренесува ФЕНА.

Имено, во периоди кога температурата достигнува 16 степени Целзиусови, се зголемува ризикот од појава на ранавирусна болест кај обичните жаби. Тоа значи дека ако температурите продолжат да се зголемуваат поради климатските промени, таквата масовна смртност може да биде уште почеста.

Она што загрижува е што се предвидува во Велика Британија просечните месечни температури да достигнуваат 16 степени Целзиусови во повеќе области и на подолг период, што би можело да значи дека болеста може да продолжи да се шири во следните 50 години, пишува „Тех Тајмс”.

Нови вести

Хамонд против брегзит без договор

Filip

Јувентус ги нуди Дибала и Сандро за Погба

Filip

Военото присуство на САД на Блискиот исток најслабо во историјата, тврди заменик командант на Револуционерната гарда

Filip