October 14, 2019 01:02
Магазин

Климатските активисти се опростија од швајцарскиот глечер кој ќе исчезне

Стотина климатски активисти го одбележаа распаѓањето на швајцарскиот глечер, кој ќе исчезне како жртва на глобалното затоплување. Глечерот Пизол, со површина помала од една десетина од квадратен километар, сместен во Гларнските Алпи во источна Швајцарија, а се повлекува поради растот на температурите.

Се наоѓа на 2600 метри надморска височина и најверојатно ќе исчезне до 2030 година.

„Сум се качил овде многу пати. Тоа е како да ти умира најдобар пријател“ рекол Матиас Хас, глациолог од универзитетот ЕТХ Цирих.

Глечерот во 1987 година бил голем 0,32 километри квадратни, а денеска има само 0,06 километри квадратни. Пред само четири години глечерот покривал површина од 0,1 квадратни километри.

Нови вести

(Видео) Бел полицаец убил афроамериканка во нејзината спална во Тексас

Igor

Се ожени генералниот секретар на СДСМ, Николовски

Igor

Емина Јаховиќ се вселува во вилата на турскиот милионер Садетин

Filip