April 5, 2020 01:55
Магазин

Кијану Ривс го снима Матрикс 4, Александра дојде да му прави друштво

Александра Грант е на пролжен викенд во Сан Франциско, кој започна во четвртокот мината недела кога дојде да го посети својот партнер, Кијану Ривс, додека го снима најновото продолжение на блокбастерот „Матрикс“.

Папараците ги забележаа во City By The Bay откако излегоа од хотелот „Омни“ во четвртокот вечерта.

А во неделата, вљубените птички – кои прв пат се појавија заедно во јавност минатиот ноември држејќи се за рака на традиционалната гала вечер LACMA Art + Film Gala во Лос Анџелес –  сега повторно беа забележани заедно.

 

Александра носи капут со беж и црн леопард принт, и кратки црни чизми.

А нејзината љубов, филмската икона Ривс, на себе има црн капут со војничко зелена постава.

Се чини дека двајцата беа поспани и без насмевка на лицата во доцните часови на прометната улица. На излезот од хотелот имаше група фанови кои чекаа во редица на тротоарот за да ги сликаат.

Ова е нивна втора заедничка фотографија по онаа во ноември на црвениот тепих на свечената гала LACMA Art + Film.