Search

Кичевец повреден додека гаснел пожар

Кичевец бил повреден кога гаснел пожар во фирмата во која работи, информираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила денеска околу 8 часот во објект во „Жито Караораман – Кичево“, лоциран во близина на населбата Горица. Тогаш избувнал пожар, а при обид за гасење, Г.Ц.(40) вработен во компанијата, добил изгореници.

Тој бил пренесен во Општата болница во Кичево каде по укажана лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Со интервенција на противпожарната единица од Кичево, пожарот бил локализиран и изгаснат.

Треба да знаете
Последни објави